Вчерашните четири натпревари од шеснаесетина-финалето во Лигата на шампионите донесоа големи возбудувања и многу голови. Денеска на програмата е втората половина со нови четири дуели.

Навидум по неатрактивни парови нуди денешниот ден, но тоа не значи дека возбудувањата ќе изостанат.

На три од четирите натпревари гостинските екипи ќе ја имаат фаворитската улога. Италијанските тимови Аталанта и Милан гостуваат кај Клуб Бриж и Феенорд. Сепак белгискиот и холандскиот тим, со помошта на своите симпатизери, сигурно ќе сакаат да им ги помрсат сметките на противниците.

Некогаш беа големи ривали, а сега минхенски Баерн е голем фаворит против шкотскиот Селтик. Тимот од Глазгов сезони наназад тешко минува на европската сцена, за разлика од Баварците кои секогаш се при врвот и во завршницата.

Најголема неизвесност се очекува на дуелот во Монте Карло, каде Монако ќе ја пречека португалската Бенфика. Ова пред се поради нивните лански пресметки во фазата по групи, а особено дуелот во кнежеството кој заврши со победа на гостите со 2-3.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕТО

деенска
КЛУБ БРИЖ – АТАЛАНТА од 18.45 часот
СЕЛТИК – БАЕРН М. од 21 часот
ФЕЕНОРД – МИЛАН
МОНАКО – БЕНФИКА
одиграно вчера
БРЕСТ – ПСЖ 0-3
ЈУВЕНТУС – ПСВ 2-1
МАНЧЕСТЕР С. – РЕАЛ М. 2-3
СПОРТИНГ Л. – БОРУСИЈА Д. 0-3