Само пет натпревари синоќа се одигра во НБА лигата, а поуспешни беа домашните екипи кои остварија три победи.

Никола Јокиќ со својот 19-ти троен ефект сезонава, го предводеше Денвер до убедлива победа над Филаделфија со 144-109. Србинот, натпреварот го заврши со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции.

За Денвер ова беше трета победа во низа, а вкупно 27-ма сезонава. Филаделфија пак го претрпе 27-от пораз, осми на последните девет натпревари.

Троен ефект и тоа 11-ти сезонава имаше и Леброн Џејмс во победата на ЛА Лејкерс над Вашингтон со 111-88.

Леброн натпреварот го заврши со 21 поен, 13 асистенции и 10 скока, за вкупно 121-виот трипл-дабл во кариерата. Ентони Дејвис беше најефикасниот кошаркар во победничката екипа со 29 поени на кои додаде 16 скокови и пет асистенции.  Тимот на Вашингтон го претрпе 11 пораз во серија.

Пред својата публика се радуваа и кошаркарите на Торонто кои славеа над Орландо со 109-93.

На натпреварите каде победи остварија гостинските тимови, Њујорк го совлада Бруклин со 95-99, а Портланд беше подобар од Мајами со 107-116.