Втор ден натпревари во Мелбурн, каде се игра првиот годинашен Гренд-слем, Австралија опен.

Најдобриот светски тенисер и бранител на трофејот Јаник Синер ја мина првата пречка. Италијанецот по два часа и 42 минути игра го совлада Николас Жари. 34-то рангираниот тенисер на АТП листата пружи голем отпор во првите два сета што ги загуби во тај-брејкот (7-6), но во третиот освои само еден гем (6-1).

Затоа пак, 11.носител Стефанос Циципас го заврши својот настап уште во првото коло.

Гркот беше поразен од Алекс Михелсен кој е 41-во рангиран на АТП листата. 20-годишниот Американец го надигра Циципас кој пред две години играше во финалето во Мелбурн. Американецот го доби мечот со 7:5, 6:3, 2:6 и 6:4.

Од фаворитите своите први мечеви во овие моментов ги играат вториот Карлос Алкараз и самиот Новак Ѓоковиќ