Хрватска е еден од ко-домаќините на претстојното Светско првенство за ракометари. Популарните „каубои“ како и секогаш имаат големи амбиции за висок пласман. 

Хрватите вечерва ќе тестираат со македонската репрезентација, во натпреварот што ќе се игра во Вараждин, каде македонија ќе ги игра своите натпревари на шампионатот. 

Матео Мараш, десниот бекот на хрватската репрезентација и поранешен член на Е.Пелистер, смета дека дуелот со македонија ќе биде тежок.

„Играв две години во Македонија, го познавам тој менталитет, познавам многу играчи.

Мислам дека се работи за квалитетна репрезентација, која секогаш цели на високо, со оглед на тоа дека ракометот е спорт број 1.

Така да, знам каква е таму традицијата и какви се нивните размислувања. Затоа очекувам тврд и добар натпревар“,

изјави Мараш. 

Вечерашниот натпревар меѓу Хрватска и Македонија ќе почне од 20 часот и 15 минути.