Екипата на Наполи славеше тешка но заслужена победа на гостувањето кај Џенова. Во дуелот од 17.коло Наполи славеше со 2-1 со што изби на првата позиција на табелата во Серија А.
Триумфот гостите од Неапол го најавија во првиот дел која за само осум минути постигнаа два гола. Ангуиса во 15-тата у Рахмани во 23-тата минута му донесоа на Наполи предност од 0-2.
По само шест минути игра во второто полувреме (51), Џенова преку Пинамонти намали на 1-2. Иако домашниот тим се трудеше и притискаше да стигне до израмнување, не успеа во тоа.
Со новите три, сега Наполи има 38 бодови и е на првото место на табелата со еден повеќе од Аталанта која утре игра против Емполи. Трето рангиран е актуелниот шампион Интер со 34 бодови, но „неро-азурите“ имаат одиграно два натпревари помалку од Наполи.