Исклучително богата вечер е зад нас со натпревари во НБА лигата во која речиси сите екипи беа во „акција“, а се играа 14 натпревари.
Од нив ги издвојуваме индивидуалните настапи на Леброн Џејмс и Никола Јокиќ.
Тимот на ЛА Лејкерс славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 119-101. Леброн натпреварот го заврши со шестиот сезонски трипл-дабл со 16 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Никола Јокиќ пак, имаше дабл-дабл во победата на Денвер кај Јута со 122-103. Србинот на 30 поени додаде 10 скокови, а имаше и 7 асистенции.
Од останатите натпревари издвојуваме.
Втор пораз сезонава претрпе составот на Кливленд кој загуби на домашен терен од Атланта со 124-135. Затоа пак Оклахома продолжува со одличните изданија. „Тандерс“ славеа во Сан Франциско кај „Голде Стејт“ со 105-101 и ја остварија 14-тата победа со која се на 1.место во Западната конференција.
Отсуството на Лука Дончиќ од терените очигледно не е проблем за Далас која повторно победи. „Маверикс“„ сега се радуваа пред своите симпатизери во дуелот со Њујорк кого го совладаа со 129-114.
На другите натпревари беа постигнати овие резултати:
Филаделфија – Хјустон 115-122 (по продолжение),
Феникс – Бруклин 117-127.
Шарлот – Мајами 94-98,
Индијана – Портланд 121-114,
Орландо – Чикаго 133-119,
Вашингтон – ЛА Клиперс 96-121,
Мемфис – Дeтроит 131-111,
Минесота – Сакраменто 104-115,
Њу Орлеанс – Торонто 93-119,