Македонија со две злата, едно сребро и пет бронзи се враќа од Балканското Првенство во бокс.

Aлен и Ружди Рустемовски освоија златни медали на Балканското Првенство во бокс кое изминатите денови се одржа во Лозница, Србија.

На финалниот натпреварувачки ден Ален Рустемовски во финалето го совлада Украинецот, Денис Роздолски, додека Ружди Рустемовски беше подобар од домашниот боксер Стефан Чамовиќ.

Да потсетиме, вчера Ардијан Рустемовски го освои сребрен медал откако во финалето загуби од Украинецот, Зименко.

Претходно со бронзени медали се закитија Ебуталип Агушев, Лука Трифуновиќ, Тарик Весели, Димитар Ѓорески и Енис Алиу.

Националниот тим на Македонија на Балканското Првенство го предводеа тренерите Владимир Цекиќ и Тархан Демиров.