Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во квалификациите за Европското првенство 2025 година.

Во натпревар од 3.коло на „Г“ групата одигран вечерва во Скопје, Македонија загуби си убедливи 49 разлика (49-98).

Иако се токмеа на победа, сепак избраничките на Алаксандар Ашаданов во ниту еден миг не беа конкурентни на Украинките. Освен почетните 3-0 и 5-3, гостинките брзо ја презедоа контролата на играта и водството кое само го зголемуваа.

Јасно беше дека македонските кошаркарки нема што да бараат во овој меч уште на полувремето кога гостинките имаа двојна предност 26-52. Така остана и на крајот, но разликата наместо 26, отиде на 49 поени.

Следно за македонските кошаркарки е дуелот со Португалија, што исто така ќе се игра во Скопје во недела.