Екипата на Џирона на македонскиот репрезентативец Боја Миовски го претрпе третиот пораз во Лигата на шампионите.
Во натпревар од 4.коло, а на гостувањето во Ајндховен кај ПСВ, шпанскиот тим загуби со 4-0.
Миовски во 8-та минута имаше идеална шанса да го отвори резултатот. Неговиот удар од 4 мести заврши во домашниот голман Бенитез.
Вече во 16-тата минута домаќините поведоа со голот на Фламинго. Во 33-тата Тилман го постигна и вториот гол (2-0). Гостите од Шпанија во 55.минута останаа со играч помалку откако Жил доби втор жолт картон.
Миовски беше повлечен од игра во 68-та минута.
Домашниот тим во продолжението стигна уште до два погодока. Бакајоко беше стрелец за 3-0, а Крејчи со автоголот ги постави конечните 4-0 за ПСВ.
За холандскиот тим тоа е прва победа, а на една останува и Џирона.