Во НБА лигата ноќеска се одиграа само три натпревари. Единстваната победа за домашните тимови ја оствари Далас и тоа убедливо над Орландо со 107:85.

Брилијантниот Лука Дончиќ уште во првата четвртина постигна 14 поени и ги доведе „Маверикс на плус осум. Далас на полувремето имаше 25 поени предност (65:40), а во вториот дел мирно си ја заврши работата. Дончиќ заврши со 32 поени, девет скока и седум асистенции. Даниел Гефорд постигна 18 поени, а Кајри Ирвинг 17 поени. Кај поразениот тим прв стрелец беше Франц Вагнер со 13 поени.

Далас стигна до четвртата победа во шестиот настап, а Орландо ја загуби третата во низа и сега има 3-4.

Атланта го искористи отсуството на Зион Вилијамсон и победи во Њу Орлеанс. Гостите водеа поголемиот дел од натпреварот. Со водството од 102:97, Хокс тргнуваат во серија од 13-0 за да дојдат до недостижно водство. На крајот победија со 126:11, а прво име беше Џејлен Џонсон со 29 поени, девет скока и осум асистенции. Треј Јанг додаде 23 поени и 12 асистенции.

32-те поени на Брендон Инграм не беа доволни за победа на „Пеликанс“, кои сега имаат 3-4.

Детроит со години е еден од најлошите тимови во НБА. Сезонава не се очекува преголем напредок, но ноќеска „Пистонси“ ја остварија втората победа и тоа кај Бруклин со 106:92.

Шест играчи кај Детроит завршија со двоцифрен број на поени, а најдобар стрелец со 19 поени беше Кејд Канингем. За поразениот тим Камерон Џонсон постигна 26 поени, но постигна само три од 12 тројки. „Нетси“ имаат учинок 3-4, а „Пистонс“ 2-5 (победи-порази).