Во НБА се одиграа само четири натпревари, но не недостигаа возбудувања. Најинтересно беше во Бруклин, каде Нагетс победија само по продолженија.
Брилијантниот Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок беше творец на победата на неговиот Денвер на гостувањето кај Бруклин по продолжение.
Гостите во првиот дел имаа и 17 негатива, која полека ја анулираа. Во финишот на регуларниот дел, на 2.секунди до крајот Јокиќ се погрижи за израмнување и продолжение. Во него „Негетс“ беа подобри па на крајот заслужено славеа со 144-139.
Трикратниот МВП на лигата за 41 минута на теренот постигна 29 поени, 18 скока и 16 асистенции, а загуби само една топка. Вакви бројки Оскар Робертсон последен пат постигна во НБА во 1974 година.
Заедно со незапирливиот Јокиќ двоцифрени беа и Арон Гордон и Џамал Мареј со по 24 поени, како и Расел Вестбрук кој постигна 22 поени, а реализира и две многу важни тројки.