Освојувачот на Купот на Макеоднија, екипата на Алкалоид го доби својот противник за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Тимот од Автокоманда, по елиминацијата на Тиквеш во првото и Охрид во второто коло, остана единствен македонски претставник во ова натпреварување.
Алкалоид во третата фаза во која се 32 екипи за место во осминафиналето ќе се борат со екипата на Вест Виена од Aвстрија.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 23/24 ноември, а реванш дуелот во Виена е седум дена подоцна (30 ноември или 1 декември).