Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања. На машката АТП листа неприкосновен на првото место е Јаник Синер.
Италијанецот со победата на турнирот во Шангај ја зголеми разликата во однос на останатите конкуренти. Сирер сега има 11920 поени.
Далеку зад него се Карлос Алкараз (7210), Александар Зверев (6795), Новак Ѓоковиќ (6210), Данил Медведев 5,530 поени.
Потоа има неколку промени кои се должат на падот на Хуберт Хуркач кој од 8-то падна на 14-тото место.
Затоа сега во топ-10 се: Андреј Рубљов, Каспер Руд, Алекс Де Минаур и Григор Димитров.