Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, неодамна го освои својот 100-ти трофеј во кариерата. Сепак не успеа да стигне до 101-от откако загуби од Јаник Синер во финалето во Шангај.
Ѓоковиќ е на 4.место на АТП листата, но во трката за завршниот мастерс во Торино, Србинот е шесто рангиран. Настап на мастерсот во Торино обезбедуваат осуммината најдобри.
Но за разлика од неговите конкуренти за разлика од Србинот, оваа недела повторно ќе се натпреваруваат со надеж дека ќе соберат нови бодови. Од друга страна, следниот турнир на Ѓоковиќ се очекува да биде мастерсот во Париз на крајот на октомври, а од тој турнир ќе зависи и конечниот пласман на најдобрите досега.
Завршниот мастерс ќе се игра од 10 до 17 ноември во Торино.