Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите светски тениски рангирања.

Со оглед дека изминатите денови се играа натпреварите во Дејвис купот, на новата АТП ранг листа нема промени.

Така на врвот е Италијанецот, Јаник Синер со повеќе од 4.000 бодови во однос на второ рангираниот Александар Зверев од Германија. Трет е Шпанецот, Карлос Алкараз, а четврти Србинот, Новак Ѓоковиќ. по нив следуваат Рудите, Данил Медведев и Андреј Рубљев.

Листата на 10-те најдобри ја комплетираат: Тејлор Фриц, Хуберт Хуркач, Каспер Руд и Грегор Димитров.