Најдоброрангираниот светски тенисер Јаник Синер е првиот што обезбеди пласман во финалето на УС Опен.

На последниот Гренд-слем во годината, Синер ќе се бори за трофејот откако о повеќе од три часа игра го победи Британецот, Џек Дрејпер

Италијанецот го доби бечот со 3:0 во сетови, но не беше нималку лесно. Првиот го доби со 7-5, а во вториот се играше и тај брејк 7-6(3). Најубедлив светскиот рекет број 1 беше во третиот сет во кој на противникот му шрепушти два гема (6-2).

Противник на Синер во утрешното финале сигурно пак ќе биде Американец. Имено во вториот полуфинален меч ќе играат Френсис Тиафо и Тејлор Фриц.