Очите на љубителите на тенисот од денеска ќе бидат вперени во Њујорк, каде ќе започне УС Опен, последниот Грен слем турнир во сезоната.
Првиот, Австралија опен, го освои Јаник Синер, а потоа Карлос Алкараз победи на Ролан Гарос и Вимблдон. Новак Ѓоковиќ е бранител на титулата во Њујорк, а оваа година освои само еден турнир, олимпискиот во Париз.
Пред официјалниот старт на турнирот, денеска е објавена најновата АТП ранг листа.
Јаник Синер и натаму е водечки тенисер со 9.360 бодови, Зад него е Новак Ѓоковиќ со 7.460, а третиот фаворит за трофејот Алкараз заостанува само 100 бодови за Србинот (7.360).
Зад водечкото трие се Александар Зверев, Данил Медведев, Андреј Рублев.
Листата на „ТОП 10“ ја комплетираат: Хуберт Хуркач, Каспер Руд, Григор Димитров и Алекс де Минор.