Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 57-мото место на светската рејтинг листа. Светската кошаркарска федерација, ФИБА, го објави новото рангирање, по завршувањето на квалификациите и олимпискиот турнир во Париз.

Тоа претставува напредок за една позиција во однос на претходниот.

По ова рангирање на ФИБА, Македонија има 198.2 бодови, со кои црвено-жолтите се на 30-тата позиција во рангирањето, кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Нашите противници во квалификациите за Евробаскетот се подобро рангирани.

Литванија, остана на десеттата позиција на светската ранкинг листа (има 698.9 бода), односно шеста во европски рамки.

Полска забележа пад од едно место, па сега е на 16.позиција во светот, односно на 10-та во Европа со 599.8 бодови. Естонија остана на 44-тата позиција во светскиот, и 22-ра во европскиот рејтинг, со 280.7 бода.

Инаку, лидер во светскиот поредок останува САД кој има 838.8 бодови, но сега на втората позиција се проби Србија која собра 758.9 поени, пред Германија која има 755.3 бода.

Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.