Машката ватерполо репрезентација на Србија повторно го освои златниот олимписки медал. Во финалето на ОИ во Париз, Србите беа подобри од Хрватите со 13-11 .

Целата работа Србите ја завршија уште во првата четвртина која ја добија со три гола разлика (5-2). Таквата предност се покажа како решавачка, па Србите можеа да го слават новиот златен медал.

За нив ова е трето злато во низа на Олимписките игри, Рио, Пекинг и Париз.

Бронзата ја освоија Американците кои по подоброто изведување на пенали ја совладаа Унгарија која беше бронзена на претходната Олимпијада.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА