Женската ватерполо репрезентација на Холандија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз. Холанѓанките во дуелот за 3.место ги совлада Соединетите Американски Држави со резултат 11:10 (2:3, 1:4, 3:2, 5:1).

Најефикасна во победничкиот тим беше Сабрина ван дер Слот со шест гола, а Вивијан Севенич постигна два.

Медлин Муселман, Џена Флин и Рајан Нојшул постигнаа по два гола за селекцијата на САД. Инаку Американките пред три години во Токиот го освоија златниот медал.

Ватерполистите од Австралија и Шпанија денеска од 15 часот и 35 минути ќе играат за златниот медал.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА