Репрезентацијата на Србија е првата што обезбеди пласман во финалето на машкиот ватерполо олимписки турнир во Париз.
Србите доминантно ја добија полуфиналната пресметка со Американците, па на некој начин се одмаздија за поразот на кошаркарите.
Решавачка беше втората четвртина која Србите ја добија 4:2, па на пауза заминаа со 6:4. Таквата предност Американците ne можеа да ја анулираат. Напротив и во последната четвртина Србите дадоа два гола повеќе од противникот, за на крајот да слават со конечни 10:6.
Така Србите, кои се актуелни олимписки шампиони од Токио, ќе играат повторно за златниот медал. Кој ќе биде нивни противник во финалето закажано за во недела ќе дознаеме по мечот Хрватска – Унгарија.