Десеттиот натпреварувачки ден на Летните Олимписки игри во Париз го отворија триатлонците, со мешаната штафетна трка. Медали ќе бидат доделени во повеќе индивидуални спортови (стрелаштво, гимнастика, кајак, велосипедизам…).

Вниманието сепак ќе биде насочено кон „Сад Де Франс“ каде се одржуваат натпреварите во атлетика. Таму на програмата се четири финални дисциплини.

АТЛЕТИКА

19:00: финале во скок со стап (мажи)
20:30: финале на фрлање диск (жени)
21:15: Финале на 5000 метри (жени)
21:47: Финале на 800 метри (жени)

Во колективните спортови. Последна рунда во групната фаза ќе ја играат ватерполистите, а ракометарите ќе го полнат разигрувањето со четвртфиналето. Фудбалерите пак ќе решаваат кои селекции ќе се борат за златото, а кои ќе играат за бронзата, бидејќи на програмата се полуфиналните натпревари.

ФУДБАЛ (МАЖИ) – полуфинале

18.00 ШПАНИЈА – МАРОКО
21.00 ЕГИПЕТ – ФРАНЦИЈА

РАКОМЕТ (МАЖИ) – четвртфинале

09:00 Словенија – Полска
13:00 Италија – Јапонија
17:00 Франција – Германија
21:00 САД – Бразил

ВАТЕРПОЛО (МАЖИ) – последно 5.коло

12.00 Унгарија – Србија (група Б)
13.35 Австралија – Јапонија (група Б)
15.10 Грција – Италија (група А)
18.30 часот Хрватска – САД (група А)
20.05 Франција – Шпанија (група Б)
21.40 Романија – Група А (Група А)

ТОП 5 НАЈУСПЕШНИ НАЦИИ – МЕДАЛИ

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА