Заврши трката во триатлон, во конкуренција на мешани парови, а победници се натпреварувачите од Германија.

Трката во триатлон во мешани парови се состои од тимови од две жени и двајца мажи. Трката се состоеше од делници од 300 метри пливање, па 5,8 километри велосипедизам и на крајот трчање на 1.800 метри.

Германците беа најбрзи и најиздржливи, па заслужено стигнаа до златото. Американците го освоија среброто, а интересно е да се истакне дека Тејлор Ниб во Париз се натпреваруваше и во велосипедизам.

Бронзата им припадна на спортистите од Велика Британија, а за Алекс Ји го освои четвртиот медал со што стана најуспешниот олимпиец во историјата на триатлонот.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА