На осмиот натпреварувачки ден на ОИ во Париз, ќе бидат поделени вкупно 34 сета на медали.

Во индивидуалните спортови ќе има по три финални дисциплини во атлетика, пливање, но и тенис. Ќе дознаеме која ќе биде новата олимписка шампионка во тенисот, а кој кај мажите ќе ја освои бронзата.

ТЕНИС

ОИ ТЕНИС – ЖЕНИ (ФИНАЛЕ)
Сабота 15.30 Хрватската, Дона Векиќ – Кивен Женг од Кина.
ОИ ТЕНИС – МАЖИ ((за медали)
За бронзен медал
Сабота 17.00 Лоренцо Мусети (Италија) и Феликс Ожер-Алијасиме (Канада)
Финале
Недела 13.30 Алкараз Карлос (Шпанија) – Новак Ѓоковиќ (Србија)

ФУДБАЛ

Во колективните спортови. Фудбалериките ги започнаа четвртфиналните натпревари, а во останатите привршуваат натпреварите од фазата по групи

ОИ ФУДБАЛ (ЖЕНИ) – 1/4 финале
15:00 САД – ЈАПОНИЈА
17:00 ШПАНИЈА – КОЛУМБИЈА
19:00 КАНАДА – ГЕРМАНИЈА
21:00 ФРАНЦИЈА – БРАЗИЛ

РАКОМЕТ

На женскиот ракометен турнир познати се шест од осумте селекции четвртфиналисти
Освен Шпанија која не освои ниту еден бод, останатите пет се во игра за последните две слободни места.

ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ (последно 5.коло)
09:00 Унгарија – Холандија (А група)
11:00 Шпанија – Франција (А група)
14:00 Бразил – Ангола (А група)
16:00 Словенија – Шведска Ш (Б група)
19:00 Норвешка – Германија (Б група)
21:00 Данска – Јужна Кореја (Б група)
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Норвешка, Шведска, Данска (А група), Франција, Холандија, Унгарија, (Б група),

ОДБОЈКА

На одбојкарските турнири во двете конкуренции, денеска ќе се играат по два меча од последната рунда во групната фаза.

Во женска конкуренција, сигурни се четири репрезентации за четвртфиналето. Пласман досега обезбедија: Бразил, Полска (Б група), Италија, Турција, Полска (Ц). Неизвесноста останува во А групата во која во „пол-позиција“ е Кина ( 5 бодови), пред Србија (4) и САД (3), а Французинките (0) се само со теорија.

ОИ ОДБОЈКА – ЖЕНИ (последно 3.коло)
09:00 Холандија – Доминиканска Република
13:00 Јапонија – Кенија

Кај мажите остануваат да се одиграат само уште два натпревари. Таму има само уште две слободни места и тоа трето пласираните селекции. Пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Словенија, Франција (А група), Италија, Полска (Б), САД и Германија (Ц).

ОИ ОДБОЈКА – МАЖИ (последно 3.коло)
17:00 Полска – Италија (Б група)
21:00 Канада – Србија (А група)

КОШАРКА

И на кошаркарскиот машки турнир ќе се играат последните два натпревари. На програмата се дуелите од Ц групата во која Американците веќе се четвртфиналисти, а Србија и Јужен Судан ќе решаваат во директен дуел за четвртфинале. Од исходот на овој натпревар ќе зависи и која ќе биде и последната селекција покрај Бразил која како трето пласирана ќе продолжи понатаму.

Пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Канада, Австралија (А група), Германија, Франција (Б), САД (Ц), Бразил како една од двете трето рангирани.

ОИ КОШАРКА – МАЖИ (последно 3.коло)
17:15 Порторико – САД (Ц група)
21:00 Србија – Јужен Судан (Ц група)

Во женската конкуренција ќе се играа првите два дуели од последното коло. Денешните дуели ќе решат кој ќе биде првопласиран во Ц групата, а кој трет и ќе продолжи во нокаут рундата

ОИ КОШАРКА – ЖЕНИ (последно 3.коло)
11:00 Кина – Порторико (Група Ц)
13:30 Србија – Шпанија
Пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Србија, Шпанија (А група), Франција (Б), САД и Германија (Ц група). Останува да се види кои ќе бидат две трето рангирани селекции кои ќе им се приклучат на овие шест во четвртфиналето.

ВАТЕРПОЛО

На машкиот ватерполо турнир комплетно четврто, претпоследно коло, во кое само Грција, Италија од А, односно Шпанија од Б група имаа обезбедено четвртфинале.

ОИ ВАТЕРПОЛО – МАЖИ (4.коло)
10:30 Шпанија – Јапонија (Б група)
12:05 Хрватска – Грција (А група)
15:00 Австралија – Унгарија (Б група)
16:35 Црна Гора – САД (А група)
19:30 Србија – Франција (Б група)
21:05 Италија – Романија (А група)

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА