Шестиот натпреварувачки ден на ОИ во Париз, почна со атлетиката. Во „кралицата на спортовите“ ќе биде доделен првиот сет на медали. На програмата е трката во брзо одење 20 км. во машка конкуренција.
Ќе бидат поделени уште осум сета на медали од кои четири во пливањето, во кое вчера беа постигнати три рекорди.
Од индивидуалните спортови внимание ќе привлечат натпреварите на тенискиот турнир во двете конкуренции. Дамите ќе ги играат полуфиналните, а мажите четвртфиналните мечеви. Дуел кој привлекува најмногу внимание меѓу Новак Ѓоковиќ и Стафанос Циципас ќе се игра во 19 часот.
ТЕНИС
ЖЕНИ (1/2 финале)
12:00 Швјатек И. (Полска) – Женг К. (Кина)
20:30 Шмиедлова (Словачка) – Векиќ Д. (Хрватска)
МАЖИ (1/4 финале)
14:00 Пол Т. (САД) – Алкараз Ц. (Шпанија)
14:30 Зверев А. (Германија) – Музети Л. (Италија)
16:00 Руд К. (Норвешка) – Агер-Алиасиме (Канада)
19:00 Ѓоковиќ Н. (Србија) – Циципас С. (Грција)
Во колективните спортови, денот ќе мине во знакот на дамите кои ќе се натпреваруваат во кошарка, ракомет и одбојка. Во машка конкуренција единствено активни ватерполистите.
ЕКИПНИ СПОРТОВИ
ОИ ОДБОЈКА – ЖЕНИ (2.коло)
09.00 Турција – Доминиканска Република (група Ц)
13.00 Бразил – Јапонија (група Б)
17.00 Италија – Холандија (група Ц)
21.00 Франција – Кина (група А)
*досега само Полска обезбеди четвртфинале
ОИ КОШАРКА – ЖЕНИ (2.коло)
11.00 Јапонија – Германија (Група Ц)
13.30 Австралија – Канада (Група Б)
17.15 Франција – Нигерија (Група Б)
21.00 Белгија – САД (Група Ц)
ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ (претпоследно 4.коло)
09:00 Холандија – Бразил (А група)
11:00 Јужна Кореја – Шведска (Б група)
14:00 Шпанија – Унгарија (А група)
16:00 Ангола – *Франција (А група)
19:00 Германија – Данска (Б група)
21:00 Словенија – Норвешка (Б група)
*Обезбеден пласман во четвртфиналето
ОИ ВАТЕРПОЛО – МАЖИ (3.коло)
10:30 Грција – САД (А група)
12:05 Србија – Шпанија (Б група)
15:00 Франција – Австралија
16:35 Италија – Црна Гора (А група)
19:30 Романија – Хрватска (А група)
21:05 Унгарија – Јапонија (Б група)