На Олимписките игри во Париз, Македонија и денеска ќе има свои претставници. Иако на борилиштата нема да настапат спортистите, сепак ќе бидат присутни арбитрите.

Имено најдобриот ракометен не само македонски туку и светски судиски пар,  Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе има свои обврски.

Тие ќе ја делат правдата на балканското дерби. Во рамките од 2.коло на А групата меѓу Хрватска и Словенија.

Македонскиот ракометен судиски пар, вчера ја имаше привилегијата да биде во друштво со најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Тие го следеа одбојкарскиот натпревар меѓу Србија и Франција.

Тоа се двајцата од четворицата македонски судии, кои ја делат правдата од игрите. Покрај нив меѓу арбитрите се и Анета Павловска која ќе ја гледаме на тениските терени, како и Иван Михајловски ќе биде на триатлонската патека.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА