Вториот натпреварувачки ден на ЛОИ во Париз, носи натпревари во 27 спортски дисциплини, од кои дури во осум ќе бидат поделени медали. Меѓу нив за прв пат на игрите е и скејтбордот, а вообичаено на крајот на денот се предвидени возбудувањата во правењето.
Во колективните спортови, стартуваат женскиот одбојкарски и машкиот ватерполо турнири. Балканското дерби Хрватска – Црна Гора секако ќе привлече најголемо внимание.
ОИ ВАТЕРПОЛО (МАЖИ)
10.30 Австралија – Шпанија (група Б)
12.05 Србија – Јапонија (група Б)
15.00 Италија – САД (група А)
16.35 Хрватска – Црна Гора (група А)
19.30 Франција – Унгарија (група Б)
21.05 Романија – Грција (Група А)
Во ракометот денеска ќе ги гледаме дамите. Првата рунда носи два дерби дуели, Данска – Норвешка и Франција – Холандија.
ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ
09:00 Бразил – Унгарија
11:00 Јужна Кореја – Словенија
14:00 Шведска – Германија
16:00 Данска – Норвешка
19:00 Ангола – Шпанија
21:00 Франција – Холандија
Одбојка и кошарка ќе се игра во двете конкуренции, а секако со нетрпение ќе го чекаме настапот на машкиот американски „Дрим тим“ кој за противник ќе ја има Србија.
ОИ КОШАРКА – ЖЕНИ
13.30 Шпанија – Кина (А група)
21.00 Србија – Порторико (А група)
ОИ КОШАРКА – МАЖИ
11.00 Јужен Судан – Порторико (Група Ц)
17.15 Србија – САД (Група Ц)
Сите актуелности од 33-тите Олимписки игри во Париз може да ги следите во посебната секција посветена на најголемиот светски спортски настан.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА