Иако до официјалното отворање на Летните Олимписки игри има уште два дена, сепак денеска започнуваат натпреварите на олимписките борилиштата. Тесниот натпреварувачки календар, уште од Игрите во Барселона во 1992 година, го принуди ИОК, порано да го почне натпреварувачкиот дел.
Возбудувањата стартуваат во два спорта, на фудбалскиот турнир и во рагби седум.
Така, со почеток во 15 часот во Сент Етјен и на „Паркот на принцовите“ во Париз, ќе бидат одиграни првите фудбалски натпревари. Континенталните шампиони, Аргентина и Шпанија, ќе бидат предизвикани од Мароко и Узбекистан.
Од 17 часот во Ница и Нант, ќе играат Гвинеја и Нов Зеланд, односно Египет и Доминиканската Република. Од 19 часот во Лион, Украина ќе игра против Ирак, а во Бордо, Парагвај и Јапонија.
Фудбалската вечер пред официјалното отворање на игрите, ќе го комплетираат Мали и Израел, повторно во „Паркот на принцовите“, а Французите кои ќе ги пречекаат Американците на „ Веледром“ во Марсеј од 21 ч.
Церемонијата на на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз е закажана за 26 јули (петок).
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА