Два дена пред стартот на ЛОИ во Париз, организаторите потврдија дека Корона вирусот е присутен меѓу спортистите во олимпиското село.

„Морам да истакнам дека го третираме корона вирусот како и секој друг вирус, како грипот. Ова не е Токио. 

Доцна синоќа две спортистки имале симптоми“,

изјави шефицата на австралиското Министерство за здравство, Ана Мајерс.

Станува збор за петмина членови на австралиската селекција на женскиот ватерполо тим.

Австралијците тврдат дека ги презеле сите мерки, па нивните девојки и другите спортисти носат маски надвор од базенот, иако организаторот не бара од никого тоа.

„Не постои ризик од ширење на болеста. Се разбира, болеста е присутна.

Дури бележиме мало зголемување на бројот на заразени, но тоа не е ни слично на она што се случи во 2020, 2021 и 2022 година “,

истакна францускиот министерот за здравство, Фредерик Валето.

Претходните Олимписки игри во Токио се одржаа една година подоцна од предвиденото, бидејќи во меѓувреме изби пандемијата на корона вирусот, но Ковидот не исчезна. 

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА