Македонија повторно ќе има свој адут во таеквондо на Олимписките игри, сега во Париз. Откако пред три години Дејан Георгиевски ја израдува нацијата со сребрениот медал во Пекинг, сега надежта на Македонците е во Милјана Рељиќ.

Милјана Рељиќ – таквондо

Таа ќе биде една од седуммината спортисти кои ќе ја преставуваат Македонија на пристојната Олимпијада што ќе почне од девет дена (27 јули – 11 август).

„Чуството да се биде Олимпиец за мене пред се буди чувство на задоволство да се преставува нашата земја на најголемиот спортски настан.

Чувството е навистина прекрасно после толку вложен труд, подеми и падови“, истакнува Рељиќ.

Речиси и да немаше настап на кој Мила во текот на 2023-та и 2024-година, не освои медал. Таа беше редовно меѓу оние кои се искачуваа на пиедесталот.

„Настапот на Олимпијада е сон на секој спортист и најголемото спортско натпреварување.

Последните четири години напорно трениравме и секој ден сон ни беше настапот на Олимписките игри и сега кога се оствари чувствувам дека можам да направам и одличен резултат, да донесам медал“,

вели Мила.

Мила на последните 7 турнири е освои пет медали. Последниот златен медал го освои на Европското клупско првенство во Тиран, Албанија.

„Најважно за мене е да направам одлични борби и да дадам се од себе.

Имам освоено доста медали се надевам дека и тука ќе се покажам во одлично светло.

Сепак се олимписки игри и одат најдобрите, но тоа не ме обесхрабрува,
одиме на медал“,

изјави Мила, полна со самодоверба.

Својот настап Мила ќе го има на 8 август за кога се закажани борбите во категоријата до 57 килограми.

Сите успеси во 2023 и 2024-та на Мила на овој линк

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА