Фудбалерите на Португалија и Франција ќе го играат вториот четвртфиналниот натпревар на Европското првенство во Германија. Кристијано Роналдо против Килијан Мбабе ќе се судрат во дуелот по кој само еден од нив ќе продолжи во полуфиналето.
селекции топ фаворити за трофејот, но во досегашниот тек од првенството, не покажаа доволно и се далеку од очекуваното.
Португалија и Франција со „напорна работа“ стигнаа меѓу осумте најдобри селекции на „стариот континент“. Се што е досега прикажано на терените не ги задоволува критериумите на фудбалските фанови, најмалку нивните сонародниците.
Тимовите со финалето и титулата како реален финален дострел чекаат реално место меѓу фајналфорот или крајот на патот како што е прикажано.
Со само два постигнати гола и тоа од пенал, финалистот на Светското првенство во Катар стигна стигна до четвртфиналето на Европското првенство. Ќе успеа ли конечно од игра Триколорите да ја затресат противничката мрежа, останува да видиме.
Португалците стравуваа за место меѓу осумте најдобри, во дуелот со Словенија. Исклучително драматичен дуел со Словенија и трауматична вечер имаше Кристијано Роналдо. Тој лееше солзи на паузата меѓу двете продолженија, откако претходно Облак му одбрани пенал.
Но, за разлика од Французите, Португалците барем имаат добра партија во мечот со Турција.
Сега двете селекции ќе мораат да го покажат најдоброто, доколку сакаат да се надеваат во полуфинале, во кое ќе ги чека подобриот од дуелот Шпанија – Германија .
Натпреварот помеѓу Португалија и Франција започнува во 21 часот, а ќе се игра во Хамбург.