Европа ќе добие нов фудбалски шампион. Ова откако Италија го заврши својот настап во осминафиналето во кое беше елиминирана од Швајцарија.

Во првиот осминафинален дуел одигран во Берлин, Швајцарија ја надигра и победи Италија со 2:0.

Швајцарците создадоа неколку зрели шанси, а на полувремето имаа само гол предност (1:0). Тоа пред се благодарение на Донарума кој имаше неколку прекрасни интервенции. Во 24-минута Емболо кој изби сам пред Донарума, но капитенот на Азурите одлично интервенираше.

Сепак во 37-мата минута Донарума беше немоќен да го скрито ефектниот удар на Болоња, Ремо Фројлер кој и донесе предност на Швајцарија од 1:0.

Во финишот на првиот дел се обиде и Фавијан Ридлер од слободен удар, но голманот на ПСЖ уште еднаш одбрани.

Сепак, Донарума беше немоќен на самиот старт на вториот дел кога Даниел Варгас на ефектен начин зголеми на 2-0.

Јалови беа обидите на Азурите да се вратат во игра, а најблиску до тоа беа во 72.минута кога Скамака ја погоди стативата.

Швајцарија знаеше како да ја сочува предноста и да се пласира меѓу осумте најдобри на шампионатот. Шваjцарците во четвртфиналето за противник ќе го имаат победникот од дуелот Англија – Словачка што ќе се игра утре во Гелзенкирхен.

Кој пак ќе биде вториот четвртфиналист ќе дознаеме вечерва по мечот Германија – Данска (21 часот)

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА