Со комплетирањето на натпреварите од третото коло по групите, познати се сите 16 селекции кои ќе играта во осминафиналето на Европскиот фудбалски шампионат во Германија.

Во првата половина од „костурот“ се дури четири од топ шесте репрезентации кои важеа за најголеми фаворити за трофејот. Во втората се актуелниот шампион Италија и вице-првакот Англија, но само една од нив може до финалето.

Така во првата осминафинална рунда најголемо внимание се очекува да привлече дуелот меѓу Франција и Белгија. Според прикажаното на европскиот првак Италија нема да му биде ни малку лесно во дуелот со Швајцарија.

Следува два дневна пауза, а разигрувањето започнува во сабота со два натпревари.

ОСМИНАФИНАЛНИ ПАРОВИ

ШПАНИЈА – ГРУЗИЈА
ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА
ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
ФРАНЦИЈА – БЕЛГИЈА
РОМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА
АВСТРИЈА – ТУРЦИЈА
АНГЛИЈА – СЛОВАЧКА
ШВАЈЦАРИЈА – ИТАЛИЈА

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА