На Европското фудбалско првенство во Германија денеска следува расплетот во Б групата од која Шпанија е сигурен осминафиналист. Останатите три репрезентации во последното коло ќе се борат за следната фаза.
Актуелниот шампион Италија е во предност во однос на Хрватска и Албанија кои имаат два бода помалку од Азурите. На Италија доволно и е да остане не поразена во дуелот со Хрватите за кои императив е само победа.
Ова ќе биде трета средба меѓу Хрватска и Италија во групната фаза на големите натпреварувања. Хрватска победи со 2:1 на СП 2002 година, а потоа селекциите одиграа нерешено (1:1) на ЕП 2012 година.
Хрватите се не поразени од Италија на осумте меѓусебни дуело, но последните три завршија со резултат 1:1. Заврши ли така и вечерва во Лајпциг, популарните „ватрени“ ќе може да се збогуваат со ЕУРО.