Селекциите на Италија и Шпанија ќе решаваат кој ќе биде прв во групата Б на ЕУРО 2024. Евентуалниот победник од вечната „мега пресметка“ меѓу Шпанија и Италија, ќе обезбеди пласирман во осминафиналето. Ова откако вчера Хрватите „кикснаа“ против Албанија (1-1), па веќе се надоѕизаат патниците во нокаут фазата.

Бранителот Италија малку потешко од очекуваното се снајде против Албанија. Со 2:1 Италијаните дојдоа до најважното 3-те бода. Иако Албанците ги шокираа „аѕурите” сепак брзо се вратија во игра и го остварија замисленото.

Шпанија пак многу полесно од очекувањата триумфираа над Хрватска. Со 3:0, „црвената фурија” изврви низ Хрватската репрезентација и покажува дека не е само фаворит од сенка туку еден од главните претендери за ново европско злато.

Патниците се скоро решени тоа се Шпанија и Италија, само се исчекува конечно позиционирање на табелата во групата Б. „Велтис Арена” во Гелзеркирхен во 21 часот ќе го оддржи вечното дерби во европскиот фудбал.