Американската, но и светската кошарка загуби уште едно големо име. Легендата во најдобрата светска кошаркарска лига, НБА, Џери вест почина во 86-тата година.

Вест беше беше инспирација на за илјадници кошаркари, но и на самата НБА лига. Човекот кој зад себе остави девет шампионски титули како играч, извидник, тренер, извршен директор и консултант. Тој беше архитект на 10-те титули на Лос Анџелес Лејкерс во 1980-тите и 2000-тите и главен советник во шампионскиот тим на Голден Стејт Вориорс.

Долго пред Вест да се наметне како веројатно најголемиот генерален менаџер во историјата на НБА, тој беше меѓу првите суперѕвезди во лигата.

За заслугите, придонесот и влијанието на Џери Вест во НБА лигата стигна најголемото признание од организацијата.

Имено токму едно од неговите препознатливи движења е пресликано во логото на НБА лигата.