Иако е познат како лулка на фудбалот, Англија никогаш не била европски шампион. Пред секое големо натпреварување на Островот оптимистички го пеат познатиот хит од 1996 година „Три лава“ или попознат како „фудбалот се враќа дома“.

Но, ни трага од трофејот. Сепак, Англичаните се надеваат дека 2024 година би можела да биде година кога добро познатиот хит конечно ќе се претвори во: „да, фудбалот се врати дома“.

Најблиску беа на претходното првенство во 2020 година, кое се одржа една година подоцна (поради пандемијата) во повеќе европски градови, а финалето се играше на „Вембли“. Очекувањата беа огромни, но разочарувањето дојде по пенал „рулетот“ со Италија.

Англија предводена од Герат Саутгејт важи за еден од најголемите фаворити на сега во Германија. Генерација ја предводи одличниот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој е и најдобар напаѓач во Европа. Тука е и талентираниот и веќе докажан Џуд Белингем, кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите со клубот.

На списокот на Саутгејт немаше место за Маркус Рашфорд, Џордан Хендерсон и Рахим Стерлинг

СОСТАВ НА АНГЛИЈА:

ГОЛМАНИ: Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал), Дин Хендерсон (Кристал Палас);

ОДБРАНА: Кајл Вокер (Манчестер Сити), Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Луис Данк (Брајтон), Џонс Стоунс (Манчестер Сити), Џо Гомез (Ливерпул), Езри Конса (Астон Вила), Трент Александар Арнолд (Ливерпул), Киеран Трипие (Њукасл), Марк Геј (Кристал Палас).

СРЕДЕН РЕД: Деклан Рајс (Арсенал), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Конор Галагер (Челзи), Коби Мајно (Манчестер Јунајтед), Кол Палмер (Челзи), Букајо Сака (Арсенал), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џерод Бовен (Вест Хем), Ентони Гордон (Њукасл), Адам Вартон (Кристал Палас), Еберечи Езе (Кристал Палас);

НАПАД: Хари Кејн (Баерн Минхен), Оли Воткинс (Астон Вила), Иван Тони (Брентфорд).

Распоред на натпревари (група Ц)

  1. коло – 16 јуни
    Србија – Англија 21:00 (Гелзенкирхен)
    Словенија – Данска 18:00 (Штутгарт)
  2. коло – 20 јуни
    Србија – Словенија 15.00 (Минхен)
    Англија – Данска 18.00 (Франкфурт)
  3. коло – 25 јуни
    Србија – Данска 21:00 (Минхен)
    Англија – Словенија 21:00 (Келн)

Најголеми успеси на Англија

Кога станува збор за европските првенства, Англија учествуваше на десет од 16 и во нив дури четири пати го заврши учеството во групната фаза.

Пред финалето со Италија, кое воедно е и најдобар резултат, важеше оној постигнат на ЕП во 1996 година во Англија. Тогаш пред своите навивачи Англичаните беа поразени од Германците во полуфиналето.
Последен пат Англичаните го пропуштија завршниот турнир во Австрија и Швајцарија во 2008 година.

Рангирање на ФИФА 4 (4 април 2024 година)
Светско првенство
Учество 16: ( прво учество во 1950 г. )
Најдобар резултат: Шампиони ( 1966 )
Европско првенство
Учество 11: ( прво учество во 1968 година )
Најдобар резултат: Второпласирани ( 2020 пораз во финале од Италија)
Прв меѓународен натпревар: Шкотска 0–0 Англија (30 ноември 1872)
Најголема победа: Ирска 0–13 Англија ( Белфаст , Ирска; 18 февруари 1882 година) 
Најголем пораз: Унгарија 7–1 Англија ( Будимпешта , Унгарија; 23 мај 1954) 

Шанси за освојување на трофејот

Според „букмејкерите“ (Bet 365) репрезентацијата на Англија е „ТОП“ фаворитот за освојување на трофејот.