Македонските ракометари и следната зима ќе бидат дел од светската елита. Македонија ќе игра на Мундијалот 2025-та што се одржува во три земји.
Среќата ни се насмевна при ждрепка, па црвено-жолтите ќе играат во Вараждин, Хрватска.
Тамошната федерација денска ги пушти во продажба картите. Цените се до некаде очекувани, но не и по желбите на македонските навивачи.
Имено, дневна карта за двата натпревари изнесуваат 50 и 70 евра. Така за трите натпреварувачки дена од првата рунда, ќе треба да се издвојат 150 до 210 евра.
Картите можат да се купат преку веб страната ULAZNICE.HR.
Македонија ќе игра со Унгарија (15 јануари), Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).