Баерн Минхен или Реал Мадрид е првиот полуфинален дуел во Лигата на Шампионите. Овој двомеч значи фудбалско шоу и празник за фановите, а за екипите значи заверка за финале.
Не е тајна дека Баерн Минхен не игра во добра форма.
Баварците по 11 години останаа без трофеј во домашното првенство. Последен пат кога Баерн Минхен не освоил никаков трофеј на домашната сцена е во далечната 2008/09 сезона. Хари Кејн е единствениот мотивиран играч на Баерн Минхен. Не е тајна дека Томас Тухел ќе ја напушти баварската клупа. Сепак, Тухел во минатото има покажано дека знае како да триумфира над Реал Мадрид и ќе сака тоа да го покаже и овој пат пред неговото збогум од Баерн Минхен.
Реал Мадрид пак игра сезона за неверување.
На почетокот од сезоната Реал Мадрид го напушти легендарниот Карим Бензема, пред отворањето на истата лигаменти скина Тибо Куртоа. На првиот натпревар од сезоната од истата повреда настрада Едер Милитао, а малку подоцна Давид Алаба ја претрпе истата повреда. Без класичен напаѓач, безброј повреди и неубедлива игра на старото од сезоната, фановите на Реал немаа премногу надеж за оваа сезона.
Но, еве сме пред крајот на сезоната. Реал Мадрид има 11 бода предност на 5 кола до крај во Ла Лига, го освои шпанскиот Супер Куп.
Во целата сезона „кралевите“ се поразени само на 2 натпревари и тоа од истиот противник и на истото место, на „Ванда Метрополитано” од Атлетико Мадрид. Фановите на Реал добија нов идол во Англичанецот, Џуд Белингам и нови херои како што се Андриј Луњин и Феде Валверде кој веќе некое време игра извонредно.
Реал Мадрид на хартија ги има сите компоненти за да го нападне трофејот во Лигата на Шампионите. Тоа би бил 15-ти за „кралскиот“ тим, но имаат тешка пречка на патот до тоа. Екипата на Баерн Минхен која иако не игра на препознатливо ниво е голема екипа, а големите екипи секогаш играат вакво натпреварувања.
Реал и Баерн по елиминацијата на водечките англиски екипи, Манчестер Сити и Арсенал, во полуфиналето ќе бараат карта за Лондон и за „Вембли”.
Првиот натпревар што ќе се игра вечерва од 21 часот, треба да донесе голема возбуда. Реваншот е закажан за 8-ми мај во Мадрид.