Некогашниот шампион Голден Стејт повторно претрпе пораз. Пред своите навивачи во Сан Франциско „Воините“ беа поразени од Оклахома со 109-128. 

Изеја Џо реализира 7 тројки без промашување и постигна рекордни во сезоната 23 поени. Сепак подобар од него со 24 поени беше Шаиј Гилгеус-Александер кој додаде и седум асистенции.

Џош Гиди додаде 19 поени, а дебитантот Чет Холмгрен имаше 13 поени и 10 скока за својот четврти дабл-дабл сезонава и петтата победа во шест натпревари за Оклахома. 

Кај Голден Стејт не настапија повредениот Стеф Кари и суспендираниот Дрејмонд Грин, додека Гери Пејтон Јуниор се повреди во втората четвртина. 

Така „десеткуваниот“ Голден Стејт не можеше да го избегне петтиот пораз во низа, а вкупно седми сезонава во 13-тиот одигран натпревар.