Eкипата на Шкупи утре ќе го игра својот прв меч од втората рунда во квалификациите за Конференциската лига.

За разлика од првото коло, сега противникот е далеку посериозен. Станува збор за бугарската екипа Левски од Софија.

Тренерот на Шкупи, Џиад Арслан, смета дека на неговите избраници им претстои вистински предизвик.

„Левски е посериозен противник од оној кој го имавме претходно. Тие се сериозна екипа која со години е дел од европските натпреварувања. Ние против Хегелман покажавме добри и слаби страни. Тоа мора да го поправиме. Што се однесува до очекувањата. Секој резултат е позитивен кога во прашање е победа“, истакна тренерот на Шкупи, Џиад Арслан.

Дуелот меѓу Шкупи и Левски ќе се игра утревечер на арената „Тодор Проевски“ во Скопје со почеток од 21 часот.