Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги дозна своите противници во групата на елитната Лига на шампиони.

Денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, на битолчани им донесе силни ривали, какви впрочем и се сите екипи во ова натпреварување.

Еурофарм Пелистер ќе настапува во групата A.

Стартот на сезоната е закажан за 13-14 септември 2023 година. Системот останува ист, па по заокружувањето на 14-те кола, двете најдобро пласирани екипи од групите директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека тимовите пласирани од третото до шесто место ќе играат во осминафиналето, а последните две екипи ќе го завршат својот настап.

ГРУПА А
1 КИЕЛЦЕ (Полска),
2 ПСЖ (Франција),
3 КИЛ (Германија)
4 ППД ЗАГРЕБ (Хрватска),
5 АЛБОРГ (Данска),
6 ПИК СЕГЕД (Унгарија),
7 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
8 КОЛШТАД (Норвешка)

ГРУПА А
1 ГОГ ГУДМЕ (Данска),
2 ВЕСПРЕМ (Унгарија),
3 БАРСЕЛОНА (Шпанија),
4 МАГДЕБУРГ (Германија)
5 ВИСЛА ПЛОК (Полска)
6 МОНПЕЉЕ (Франција),
7 ПОРТО (Португалија)
8 ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО (Словенија