Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ сепак остана без за медал на Европските игри во Краков, Полска.
Милјана не успеа да ја мине последната пречка и беше поразена од Британката, Пауел Алија Џејдин во дуелот за бронзата.
Британката иако послабо рангирана (12-та), во однос на нашата репрезентативка (6-та), сепак покажа дека во моментов е во подобра форма. Џејдин убедливо ги доби двете двете рунди. Првата со 16-4, а втората без загубен поен со 9-0 и заслужено се закити со бронзата.
Така Рељиќ која заедно со каратистот Емил Павлов беа нашите знаменосци на отворањето, не успеа да се закити со медал, а игрите ги заврши со две победи и два порази.
Сега останува да се надеваме дека, таеквондистите, Анамарија и Дејан Георгиевски (сестрата и брат), ќе не израдуваат барем на еден медал од овие игри на кои Македонија има 17-мина свои спортисти.