Шпанецот на две победи до првото место
Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Лондон.
Шпанецот на терените во Квинс, со 2:0 го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров и сега е на две победи од титулата и го зазема првото место на АТП листата.
Веднаш на стартот на мечот Алкараз направи брејк, го потврди и го држеше до крајот на сетот, што го доби со 6-4.
Димитров направи брејк на стартот од вториот сет и поведе со 3-0, но Алкарас го врати брејкот во четвртиот гем, го спаси брејкот во шестиот гем и израмни на 3-3. Но, тука борбата не застана. Двајцата тенисери направија по уште еден брејк за 4-4, а потоа уште еден Шпанецот, кој на крајот добро сервираше и победи со 6-4.
Алкараз сега е на две победи од првото место и симнувањето од тронот на Новак Ѓоковиќ од АТП листата, па доколку успеа да го освои турнирот во Квинс, Алкараз на Вимблдон би дошол како најдоброрангиран играч и прв носител.
Прва негова пречка до остварување на таа цел во полуфиналето ќе биде Американецот, Себастијан Корда.