Трет ден натпревари на Европските игри што се одржуваат во Краков, Полска а кои Македонија има 17-мина свои спортисти

Денес на програмата на Европските игри се натпреварите во бокс за нашите Озмен Илхан Атила и Ален Рустемовски.

Во „Нови Тарг“ арената во првото коло, во категоријата до 63,5 кг. Озмен Илхан Атила се среќава со Џанлуиџи Маланга од Италија, додека Ален Рустемовски во категоријата до 57 кг. ќе го предизвика Махмуд Небил Ибрахим од Шведска.

Во машкиот кајак спринт на 500 метри,  Владимир Малески ги мина квалификациите и обезбеди место во полуфиналната рунда. Тој ќе настапи во втората група по 17 часот.