Репрезентацијата на Ерменија се ќе биде противник на Македонија во финалето на од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот.
Ова откако напите тенисерки со 3:0 ја совладаа Молдавија и го освоија првото место во Б групата, додека Ерменија се избори за првото место во А групата.
Ерменските тенисерки во последниот дуел од денешната програма против директниот конкурент за првото место го совлада фаворитот Луксембург со 2:1, откако беше во негатива и губеше со 1:0.
Ерменија така со четири победи и без пораз го освои првото место во групата со 8 победи во мечевите и три порази.
Финалето Македонија и Ерменија ќе се игра утре, а терминот на почетокот на мечевите ќе биде дополнително одреден.