Иако важеше за наш адут за освојување на медал на Европските игри што се одржуваат во Краков, Полска сепак македонскиот каратист Емил Павлов не успеа да се избори за тоа.

Штипјанецот кој се бореше во категоријата -67 кгр. во рамките на А групата, претрпе два порази и забележа само една победа, недоволно за се вброи меѓу четворицата каратисти кои ќе се борат за медал, односно кои обезбедија пласман во полуфиналето.

Во првата борба Павлов беше поразен од домашниот домашниот претставник Милош Сабиецки со 4:8. Во втората убедливо со 6:0 го совлада Турчинот, Бурак Ујгур, но во решавачката трета борба, Павлов беше поразен од Романецот, Стеафн Команеску со 6:4.

Со тоа Павлов го заври својот настап на игрите во Краков, на кои сеуште имаме адути за медал, а тоа пред сите е таеквондистот Дејан Георгиевски кој според распоредот треба да настапи во сабота (25 јуни).

Од 17-мината македонски спортисти вчера настапија и кајакарите Никола и Владимир Малевски кои имаа убедливо најслаб резултат во силната конкуренција.