Зоран Кастратовиќ е нов селектор на машката сениорска репрезентација на Саудиска Арабија. Тој ќе го замини, Данецот Јан Питлик, кој до минатата сезона ја предводеше оваа селекција.
Кастратовиќ беше тренер на Ал Мудар во текот на оваа сезона. Тимот доминираше долго време и беше на врвот на табела, но на крајот заврши на второто место.
Првиот предизвик на Кастратовиќ и Саудиска Арабија е квалификациската фаза на олимписките игри во Франција. Во оваа фаза, Саудиска Арабија ќе се соочи со Јужна Кореја, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кина.
Додека на последното Светско првенство Саудиска Арабија заврши на 29-то место.
Кастратовиќ е искусен во овој дел тој ги има водено машките репрезентации на Иран и Црна Гора како и женската репрезентација на Македонија.