Во пресрет на големото финале во Лигата на шампионите во кое за трофејот ќе се борат Манчестер Сити и Интер, менаџерот на англискиот тим Пеп Гвардиола видно расположен одговори на неколку „жешки“ прашање.
Шпанскиот стратег, потенцира дека младиот Норвежанец е подготвен вечерва да влезе во историјата на ова натпреварување.
„Не сум овде да дискутира за просекот на постигнати голови на Халанд.
Ако имате сомнежи дали Халанд ќе постигнува голови, тогаш вие сте осамен човек. Јас немам никакви сомнежи. Тој ќе биде подготвен да влезе во историјата на Лигата на шампионите“, одговори Шпанецот.
Запрашан на што се должи неговиот успех, Пеп искрено потврди дека тоа се Меси и Халанд.
„Мојот успех? Пола Меси во минатото и пола е Халанд сега.
Тоа е мојот успех. Јас не се шегувам. Тоа е вистината“, одговори Гвардиола.
Дали Халанд и овојпат ќе биде клучот на успехот на Пеп и неговиот тим Манчестер Сити ќе видиме по финалето со Интер што почнува во 21 часот.
"If you have doubts about Haaland scoring goals, you are a lonely person." pic.twitter.com/S9WoBb4Xo2
— Match of the Day (@BBCMOTD) June 9, 2023