Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска го бележи својот најдобар ранкинг на АТП листата.
Калин по настапите на последниот турнир, освои нови 16 поени и сега има вкупно 108, со кои напредуваше дури за 44 позиции на денеска објавената АТП листа.
19-годишниот Ивановски сега е на 415-тото место на листата, што е негов најдобар пласман. Калин претстојнава седмица ќе го гледаме во Скопје, на терените на ТК „Југ“ каде вчера започна „Македонија опен“.
И најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи прогрес. Тетовката која имаше одличен настап на Фјучерсот во Куршумлиска Бања, каде беше сопрена во финалето од Русинката, Андеев, бележи скок од осум позиции и сега на најновата ВТА листа, тетовката е на 252-то место.
На првите три позиции кај дамите нема промени па и натаму прва е Ига Швјонтек, пред Сабаленка и Пегула.